(ВИДЕО) Заев: Секој поединец е посебен на свој начин и секој заслужува еднакви шанси и можности

Од:

Во Владата на Република Македонија, се одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост. На овој настан свое обраќање имаа Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, Спасе Додевски, националниот координатор за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар и претставникот на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија, Чедомир Трајковски.

На овој настан присуствуваа претставници на граѓански организации, институции, амбасадори, како и танчерите на „Денсерс Јунајтед МК“ на кои премиерот, Зоран Заев им додели плакети со признание за освоеното прво место хип-хоп танци во пара категорија на Светското првенство во октомври оваа година во Полска.

Во своето обраќање премиерот Зоран Заев истакна дека основното начело на оваа Влада е признавање на вроденото достоинство и вредност и еднаквите неотуѓиви права на сите членови на нашата заедница, како темел на слободата, правдата и мирот во светот.

„Се залагаме и работиме на создавањето на еднакво општество за сите. Како држава, на 30 март 2007-мата година ја потпишавме, а на 5 декември 2011-тата година ја ратификувавме Конвенцијата за правата на лицата со попреченост. Конвенцијата претставува прв меѓународно правен и обврзувачки инструмент преку којшто се утврдуваат минимум стандарди за правата на лицата со попреченост“, истакна премиерот Заев.

Тој потсети на признанието што ѝ беше оддадено на Република Македонија од Комитетот за правата на лицата со попреченост на Организацијата на Обединетите Нации, кој ја препозна нашата земја како една од оние која прави крупни позитивни промени за остварување на правата на лицата со попреченост.

Премиерот Заев ја истакна заложбата на Владата на РМ за инклузивност во креирањето политики и нагласи дека Акциониот план којшто ќе придонесе за забрзано спроведување на насоките од Конвенцијата, пред неколку месеци го подготви Националното координативно тело во соработка токму со граѓанските здруженија на лица со попреченост.

„Сите ние што сме денеска тука, мора да работиме тимски, за да ја исполниме целта на овогодинешното мото на меѓународниот ден на лицата со попреченост „зајакнување на лицата со попреченост и обезбедување инклузивност и еднаквост“. Бидејќи, навистина се огромни придобивките од интегрирањето на лицата со попречености во секој сегмент на општеството. Уште минатата година ги олеснивме условите за користење на правото за паричен надоместок по неколку основи и ги зголемивме средствата коишто едно семејство со дете со попреченост може да ги добива“, истакна во своето обраќање премиерот Зоран Заев.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска истакна дека особено и е драго што денеска на меѓународниот ден на лицата со попреченост повеќе нема деца од 0-18 години во Демир Капија. Последната група деца замина од заводот и е сместена во мал групен дом во Скопје.

„Сметам дека овој ден е многу важен во пребројувањето на она што сме го направиле досега. Она што можам да кажам дека на барање на родителите од 2019 година со новиот Закон за социјална заштита, правота за попреченост се проширува и за лицата со интелектуална попреченост. Додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува на 50% од просечна нето плата. Воедно се воведува таканаречен траен надоместок за родител, кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26 годишна возраст, коешто не било сместено во институција. Ќе може да го користи секој родител којшто не работи по наполнување на 62 години за жена, односно 64 години за маж“, информираше Царовска.

И националниот координатор Спасе Додевски истакна дека и улогата која меѓународните организации како што се ОБСЕ, УНИЦЕФ и УНХЦР е битна во целокупниот напор кој се прави за инклузија на сите граѓани во сите процеси во општеството.

„Најголемата гордост и придобивка, како основен принцип и на Претседателот на Владата на Република Македонија, на Владата на Република Македонија како и на националниот комитет за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост е градење партнерство со лицата со попреченост, преку невладините организации со која соработка заедно, полека но сигурно, ги рушиме бариерите кон зацврстувањето, инклузијата и еднаквоста.“

На овој настан свое обраќање имаше и шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар кој истакна дека лицата со попреченост имаат право на еднаков пристап до образование, вработување, здравствен и социјален и културен живот на иста основа како и лицата кои немаат никаква попреченост.

Воедно на овој настан посветен на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, се обрати и претставникот на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија, Чедомир Трајковски кој истакна дека поддршката едни на други е суштинска во создавањето еднакво општество за сите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

A1on

Владата ја усвои Новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ: Се загуби 70-годишната траекторија во образовниот процес на лицата со попреченост