Захарова: Русија ја штити Европа од варварство

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека Русија, а не Украина ја заштитува Европа од варварство, милитаризам и агресија, тиранија и тероризам.

Нејзината изјава уследи откако украинскиот претседател Петро Порошенко истакна дека Русија планира да ги заземе Маријупол и Бредјанск.

– Поради актуелниот режим во Киев, денешна Украина ја карактеризираат маршеви на екстремисти и паравоени групи, војна против сопствениот народ, пропаганда и манипулација како клучно средство на владеење, провокации како надворешнополитички концепт, корупција, заплашување на новинари и контрола над медиумите, напиша Захарова на Фејсбук.

Таа додаде дека „Украина ја карактеризира и национализмот како национална идеја, диктат на полициските агенции, недостиг на механизам за јавна контрола и ерозија на владините институции“.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран