Топлотниот бран опасен за возачите

Од:

Високите температури се причина за зголемениот број на сообраќајните несреќи во летниот период. Според податоците на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот најмногу од нив се случуваат во јули и август од 11 до 17 часот.

Направените истражувања врз 1450 возачи покажуваат дека една третина од нив имале негативно искуство кога возеле на топло време. Високите температури според истражувањето најмногу имаат влијание на возачите од 40 до 60 години.

Најкритични места се долгите редици на наплатните рампи, редиците на семафорите и на граничните премини.

Повеќето од испитаниците не знаат да дадат прва помош на лицата со топлотен удар.

Поради ваквите резултати, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и „Црвениот крст“ ќе преземат активности за подигање на јавната свест кај возачите. Ќе се делат флаери со упатство за здравствените последици од високите температури, како да се препознаат и какви мерки да се преземат.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска препорача возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, бидејќи неприлагодената брзина е најчеста причина за сериозни сообраќајки.

„Да го прилагодат своето однесување во сообраќајот, односно во услови кога чувствуваат замор или слабост од било кои причини многу е посоодветно да го прекинат патувањето да застанат да се одморат, да го продолжат кога ќе се почувствуваат способни наместо да импровизираат и да се доведат во опасност и себеси и сите оние кои учествуваат во сообраќајот, рече Јанкуловска.

 

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски