Одржани политички консултации помеѓу Република Македонија и Федеративна Република Бразил

Од:

Вчера во Бразилија беа одржани политички консултации помеѓу Република Македонија и Федеративната Република Бразил. Делегациите на двете земји ги предводеа државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски и генералниот потсекретар при бразилското МНР, амбасадорот Алесандро Кардеас. Политичките консултации коиндицидираат со одбележувањето на дваесетте години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Бразил.

Димовски и Кардеас го истакнаа задоволството од позитивниот тренд на развојот на билатералните односи меѓу двете пријателски држави, при што беше нагласен взаемниот интерес за продолжување и продлабочување на политичкиот дијалог и соработка, со посебен акцент на унапредувањето на економската и парламентарната соработка, како и соработката во областа на културата, образованието, туризмот и останатите области од заемен интерес. Особено внимание беше посветено на продолжувањето на соработката на двете земји во рамките на мултилатералните организации.

Воедно, беа разменети мислења и за актуелни теми од меѓународните односи, внатрешно-политичките и економски состојби во двете земји, како и за регионалните прашања во Југоисточна Европа и во Јужна Америка.

Согласувајќи се дека одржувањето на политичките консултации помеѓу двете земји треба да стане редовна пракса, Димовски и Кардеас изразија надеж дека набргу ќе биде реализирана најавата за отварање на Амбасадата на Бразил во Скопје.

Би можело да ве интересира

Суд во Бразил потврди отказ за работник кој 88 пати беше на боледување

МНР реагира за Михаилова: Владеењето на правото не смее да биде селективно

Горан Наумовски

Полицијата уби вооружен напаѓач кој два часа држеше деца како заложници

А1он

ВИДЕО: Уапсен сериски убиец во Бразил, тврди дека има 80 жртви

Најмалку 10 лица загинаа во автобуска несреќа во Рио де Жанеиро

Халанд го елиминира Бразил

Горан Наумовски