Студено со умерен северен ветер, на места повремено ќе провејува снег

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен северен ветер. На места повремено ќе провејува снег, а максималната температура ќе биде во итервал од -1 до 5 степени. Во Скопје, променливо облачно со умерен северен ветер, во Скопје максималната температура ќе достигне до 4 степени, информираат од УХМР.

Преку ноќта и утрово времето беше облачно и студено, во западните делови со локални врнежи од снег, кои во Пелагонија беа со умерен интензитет. Дуваше умерен ветер, кој во Штип достигнуваше брзина до 40 километри на час.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време, освен во сабота, кога кон крајот на денот во југозападните делови ќе има слаби врнежи од дожд и снег. Утринските температури до сабота насекаде ќе бидат под нула, додека дневните ќе бидат во постепен пораст, особено од недела, велат синоптичарите.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски