А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Дебата во Бундестагот: Македонија да ги забрза реформите, Берлин ќе помага на патот кон ЕУ

by А1он28/11/2018 - 11:14231
Share0

Македонија има напредок на патот кон ЕУ, атмосферата во државата е сменета во позитивна насока и земјата добро е подготвена за почеток на преговори, но се уште не е подготвена за членство во Унијата. Пофалби за Преспанскиот договор, но и предупредувања од можен неуспех од неговата ратификација.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова било во фокусот на дебатата за Македонија насловена „Македонија меѓу надеж и загриженост“ во германскиот Бундестаг, организирана од Друштвото за Југоисточна Европа, на која учествуваа одговорните за Македонија во Министерството за надворешни работи Кристијан Хелбах и во кабинетот на канцеларката Меркел, Матијас Лутенберг, авторот на патоказот за реформите во Македонија, Рајнхард Прибе, повеќе пратеници во Бундестагот, дипломати, како и гостите од Македонија и Грција, Симонида Кацарска и Ксенија Куналаки од грчкиот весник „Катимерини“, пишува „Дојче веле“.

Лутенберг ја поздравил храброста на премиерот Заев да ги решава проблемите со соседите Бугарија и Грција уште од почетокот на мандатот и тоа, според него, „бил важен сигнал да му се каже и на сопствениот народ дека се подготвени да решаваат проблеми“.

Посочил дека Германија била многу ангажирана за надминување на спорот со Грција, споменувајќи ја посетата на Меркел на Скопје пред референдумот, а „сега е подготвена и конкретно да помогне со советување и финансиска поддршка“.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Сакаме да ја поддржиме иднината. Ќе испратиме советници за македонската Влада. Сакаме земјата не само да биде стабилна, туку и да напредува, вели Лутенберг, додавајќи дека таква поддршка очекува и од ЕУ, со цел Македонија економски да закрепне, но и да стане поинтересна за странски инвестиции, за што, прв предуслов е „владеењето на правото“.

Прибе посочил дека ако евентуално во Грција не биде ратификуван Преспанскиот договор, ЕУ мора да ги отвори преговорите за членство со Македонија, независно од спорот за името, а Скопје треба да биде мотивирано за да ги продолжи реформите.

Хелбах, пак, оценил дека доколку не помине договорот од Преспа, тоа би било лоша вест за земјата, и дека кај дел од населението во Македонија, лојалноста кон државата зависи од напредокот на земјата на евроатлантскиот пат.

– Се плашам дека националистичките или етничките наративи повторно ќе нараснат. Доколку Македонија не успее да напредува тоа ќе има последици за стабилноста, предупреди германскиот дипломат.

Во врска со бегството на Никола Груевски и добивањето азил во Унгарија, Хелбах оцени дека случајот може да му ја олесни позицијата на актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Има сигнали од Мицкоски дека сака да го поддржи договорот од Преспа, вели Хелбах.

Поранешната германска амбасадорка во Македонија Гудрун Штајнакер, пак, критикуваше дека реформите во Македонија не се мрднати и дека остануваат проблемите со владеењето на правото. Како виновник за ваквата состојба Штајнакер ја посочи ДУИ која, според неа, продолжува со корупциските практики од минатото, пренесува „Дојче веле“.

bundestageu

Би можело да ве интересира

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

Горан Наумовски12/08/2026 - 16:36

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

Горан Наумовски08/08/2026 - 17:58

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

Горан Наумовски05/08/2026 - 22:23

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

Горан Наумовски05/08/2026 - 22:23

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

Горан Наумовски03/08/2026 - 21:51

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

Горан Наумовски30/07/2026 - 13:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео