„Главните градови соочени со проблемите поврзани со животната средина“ е тема на семинарот што денеска ќе се одржи во Скопје.
Семинарот, како што е најавено ќе го отвори заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, а воведни обраќања ќе имаат и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов и амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние.
Семинарот е во организација на Францускиот Институт во Скопје.