Џафери-Алраиси: Продлабочување на соработката во образованието, економијата и животната средина

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, денеска оствари средба со Сагер Насер Ахмед Абдулах Алраиси, амбасадор на Обединетите Арапски Емирати за Република Македонија.

Претседателот Џафери, како што информираат од неговиот кабинет, изразил благодарност и задоволство од воспоставените дипломатски односи уште од 1996 година под нашето уставно име, иако за жал во текот на овој период ретко се бележат заемни средби на високо билатерално ниво.

Посочил дека како претседател на Собранието, ја поттикнува пратеничката група за соработка со земјите од Блискиот и Средниот Исток во Собранието на Република Македонија, да воспостават комуникација со нивните колеги од соодветните парламенти и да ја иницираат парламентарната дипломатија која е доста значајна. Понатака, Џафери истакнал дека на мултилатерален план, соработката во меѓународните организации и во системот на ООН е добра, често се поддржуваат меѓусебните кандидатури и Република Македонија во оваа насока, традиционално го поддржува кандидирањето на ОАЕ во рамките на телата и органите на меѓународните организации.

Амбасадорот Сагер Насер Ахмед Абдулах Алраиси, се вели во соопштението, искажал отворена и силна поддршка за Република Македонија, посочувајќи ги бенефициите за малите земји од членството во Европската Унија и НАТО, и предностите кои се овозможуваат за земјите полноправни членки на овие организации. Тој упатил покана до претседателот Џафери со делегација да ги посетат Обединетите Арапски Емирати и нивниот парламент. Амбасадорот истакна дека со оваа покана, ќе се интензивираат билатералните односи помеѓу двете земји, а пораките ќе се упатат токму од парламентот кој е директен глас на народот.

Соговорниците, се вели во соопштението, изразиле согласност дека негувањето и унапредувањето на односите меѓу двата парламента треба да бележи на интензитет во периодот што следи, како и да се продлабочува во доменот на образованието, економијата, животната средина и во други области од заемен интерес за двете земји.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште