Собраниска делегација на тркалезна маса на високо ниво во Брисел

Од:

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: Горан Милевски, Ејуп Аљими, Мери Лазарова и Никола Мицевски, на 27-28 ноември ќе учествува на втората тркалезна маса на високо ниво во Брисел, на покана на претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани.

На тркалезната маса, на која се поканети и пратеници од Парламентите во Регионот, ќе се расправа за евроинтегративните процеси во Регионот, за реализираните реформи за секоја земја поединечно, како и за билатералните прашања и добрососедските политики на Западен Балкан.

За време на посетата на Брисел, пратениците ќе остварат средби со своите колеги од Регионот, како и со повеќе влијателни европратеници, меѓу кои и известувачот на Комисијата за надворешна полититика на европскиот законодавен дом, Иво Вајгел.

Исто така, собраниската делегација ќе присуствува и на пленарната седница на Европскиот парламент на која ќе се расправа по Извештајот за Република Македонија за 2018 година.

Би можело да ве интересира

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on