Проштална средба на Димитров со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Предраг Митровиќ

Од:

Денес, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, го прими во проштална средба амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Предраг Митровиќ.

На средбата соговорниците разменија мислења за сèвкупните билатерални односи меѓу двете држави и постигнатите резултати на овој план, при што изразија задоволство од досегашната одлична билатерална, регионална и мултилатерална соработка, со решителност за нејзино збогатување во сите области од заемен интерес.

Министерот Димитров изрази благодарност и за силната поддршка што Црна Гора ја дава за ЕУ и НАТО интеграциите на Република Македонија и се заблагодари за личниот придонес на амбасадорот Митровиќ во унапредувањето на сèвкупните билатерални односи, упатувајќи желби за негов натамошен успешен, професионален ангажман. Во тој контекст, на амбасадорот Митровиќ му беше врачена благодарница за неговиот придонес во промоцијата на пријателството и сорботката меѓу Република Македонија и Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Абазовиќ бара предвремени избори во Црна Гора

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Црна Гора го затвори 13-то поглавје од преговорите со ЕУ

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски

Завиткано тело пронајдено во река во Црна Гора, рацете му биле врзани

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски