(ВИДЕО) Јаулески: Граѓаните и младите го живеат најцрното време

Од:

„Денес младите сме собрани тука пред Владата на Република Македонија, на симболичен, но мошне загрижувачки и сериозен начин да го изразиме нашиот револт од црното владеење на Владата на Република Македонија.

Граѓаните и младите го живеат најцрното време.

Црн период на неисполнети ветувања, големи очекувања и уште поголеми разочарувања“, рече Јован Јаулески, в.д. Престедател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

„Период во кој вестите се исполнети со криминал кој не се разрешува, со непотизам кој се оправдува, со црно здравство, руинирано образование и неисполнети ветувања.

Нема ниту еден проекти, не се градат студентски домови, не се намалува младинската невработеност, а нема ниту зрак светлина за младите во ова црно владеење.

Тоа мора и може да биде поинаку. За тоа да биде поинаку потребно е оваа црна власт да падне.

Ги повикуваме сите младите да ни се приклучат, да се обединиме бидејќи ова е наша заедничка битка, за нашата, за вашата заедничката иднина.

Затоа на симбочен начин ги пуштаме овие црни балони, за да ја означиме црнилата која владее во Република Македонија исто како овие црни балони и оваа власт набрзо ќе си замине“, изјави Јован Јаулески, в.д. Престедател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски