(ВИДЕО) Арсовски: Да застанеме на патот на оваа антинародна и криминална влада

Од:

„СДСМ изминативе година и пол ја зацрни Македонија. Оваа криминална Влада на СДСМ ги стави под контрола сите државни институции и секојдневно ги користи за остварување свои лични политички цели.

Навршува точно една година од приведувањето на невини патриоти и родољуби кои на 27 април се најдоа во Собранието на Република Македонија од патриотски побуди. Невини патриоти понесени од патриотски причини и побуди, актери, глумци, оперски пејачи, режисери, уметници, пратеници, полициски службеници кои си ја извршувале професионално својата должност и сите останати граѓани година ипол го трпат изживувањето од страна на СДСМ дека организирале измислен тероризам. Овие луѓе имаат единствен грев, а тоа е што си ја сакаат државата“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„По тој повод, ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица на точно 1 година од приведувањето на овие невини луѓе, патриоти, на 28 ноември, среда идната недела, на точно една година од отпочнувањето на најмонструозниот конструиран процес во историјата на Република Македонија.

Протестот ќе започне во 17 часот со место на тргнување од Плоштад ВМРО и ќе заврши пред владата на Република Македонија.

Ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат да застанеме на патот на оваа антинародна и криминална влада предводена од СДСМ.

Ги повикуваме сите граѓани кои се револтирани од СДСМ, ги повикуваме сите граѓани кои се обесправени од СДСМ, ги повикуваме сите граѓани кои се чувствуваат измамени или се на личен удар од страна на актуелната власт, да излезат, да ни се придружат во среда и наредниот период кој следи, се до конечно рушење на оваа ненародна власт која ја зацрни судбината на граѓаните.

Сите од нас имаат по некоја причина зошто треба да си оди СДСМ од власта. Партизирано „Кацарска” судство, политички процеси, измислени случаеви, сиромаштија, крахирана економија, девастирано образование, земјоделие кое пропаѓа, уништено здравство во кое луѓето не веруваат, криминал по улици, корупција во институции, се само дел од причините поради кои граѓаните се револтирани.

Ова е црно време за Република Македонија. СДСМ е политичката партија која воопшто не и е грижа за граѓаните и државата дали ќе ги зацрни или не. На СДСМ и Заев и сите околу него единствено им е грижа да им цветаат личните бизнисите.

Ве повикуваме уште еднаш на 28 ноември во 17 часот, збирно место Плоштад ВМРО и се упатуваме пред Владата. Да ја поразиме оваа криминална власт на СДСМ и да ги ослободиме граѓаните од оваа криминална влада.

СДСМ мора да падне, а ние сите заедно мора да истраеме во борбата против ова црнило.

Македонија мора да тргне напред!“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски