Ова се најголемите балкански ѕвезди

Од:

ТВ порталот dnevnik.hr излезе со список на она што според нив се најголемите музички ѕвезди на екс ЈУ естрадата. На овој список не се најде ниту еден македонски естраден уметник.

Објаснувајќи дека земале во предвид кои биле најслушани нумери по радио и тв станиците, но и кои лица биле најинтереси за таблоидите, хрватите направиле список од неколку пеjачи.

Според нив, и покрај годините, најпозната како што ја нарекуваат „естрадна баба“ Неда Украден, сеуште со гласот и стасот им парира на младите колеги. Таа и по неколку десетици години од нејзиното појавување на естрадното небо, сеуште е интересна и со нејзината музика, но и со приватниот живот.

Според Украден, многупати во медиумите за неа билe пишувани невистини кои знаеле да ја навредат, но таа се водела од мотото: „Кучињатаа лаат, караванот си врви“.

Тука некаде го вбројуваат и српскиот пеач Саша Матиќ, а меѓу регионалните естрадни ѕвезди ги врбојуваат и нивните „домашни“ Халид Бешлиќ, Јелена Розга, Северина.

Но според хрватскиот портал, кормилото на естрадниот брод го држи панонскиот морнар, кантавторот од Војводина – Ѓорѓе Балашевиќ. Тој сигурно е еден од најбараните музичари во регионот – пренесува порталот. Според нив се случувало концертите на Балашевиќ, да се распродадат само за три часа откако ќе се пуштат картите во продажба, рекорд кој тешко може да се сруши.

Според хрватите, сепак не е за замерка што српските пејачи ги полнат хрватските сали, бидејќи и нивните соседи имаат „слаби точки“ помеѓу хрватските музичари.

Во Србија според нив го издвојуваат Оливер Драгојевиќ, за кој веќе српските обожаватели изгубиле надеж дека некогаш ќе ги посети. Иако според сајтот Оливер навистина нема план за турнеја по Србија, сепак истото го тврдела и Тереза Кесовија, па сепак одржала концерт во Белград.

Цитирајќи го српскиот уредник и водител Александар Филиповиќ, сајтот пренесува дека хрватските естрадни уметници, полека но сигурно градат свои кариери во Србија. Откако ќе се етаблираат на домашна сцена, најголем предизвик им е соседна Србија – вели Филиповиќ.

Могумина од нив можеби не ги полнат арените и салите, но затоа се своевидни „кралеви“ на клупските свирки.

Круната за кралица на естрадата во соседните земји според нив зачудувачки и припаѓа не на Северина, туку на Јелена Розга. Меѓу останатите ги набројуваат Парни Ваљак, Дино Мерлин за кои секогаш се бара карта плус.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски