(ВИДЕО) Локвенец: Ги исполнуваме НАТО стандардите, поголем буџет за одбрана и повисоки плати за војниците

Од:

„Силно сме посветени на интеграцискиот процес што Македонија ја води до полноправно членство на НАТО, како врвен национален и државен интерес.

Обезбедуваме повеќе пари за достигнување на НАТО стандардите, повеќе пари за поголеми плати и подобрување на животниот стандард на нашите војници, повеќе пари за опремување на АРМ.

По десетгодишното намалување на буџетот за одбраната, во 2019 година, втора година по ред ќе следува ново зголемување“, рече Хари Локвенец, пратеник од СДСМ и коалицијата.

„Во 2019 година буџетот за одбрана ќе изнесува 135 милиони евра.

Војниците на АРМ, како и сите вработени во Министерството за одбрана добиваат повисоки плати од 5 отсто од наредната година.

30 милиони евра се обезбедени за опремување, за набавка на униформи, за дел од испораката на војнички чизми, подобра храна, резервни делови, обуки и школувања на припадниците на АРМ.

Зборот е збор, од изолирана, поделена и осиромашена држава, за само две години Македонија стана рамноправен партнер со демократскиот свет.

По добиената покана, во 2019 година Македонија има историска шанса, стануваме 30 земја членка на НАТО Алијансата.

Тоа значи остварување на врвниот стратешки интерес, тоа значи гаранција на нашата безбедност и неповредливот на границите, но значи и повеќе странски инвестиции, достапност до нови знаења и технологии и секако повеќе пари кај граѓаните“, изјави Хари Локвенец, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

Руте за Трамп: Прави добро за НАТО, кога фалам некого, тоа се базира на факти

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори