Промовиран Арсенчо Алексовски од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Крива Паланка

Од:

Во Кино салата при Центарот за Култура во Крива Паланка вечерва беше промовирана кандидатурата на Арсенчо Алексовски за градоначалник на оваа општина. На промоцијата не беше присутен претседателот на партијата Никола Груевски.

– Ветеното од претходниот мандатен период од четири години што ми го дадоа граѓаните на Крива Паланка во најголем дел го остваривме, истакна Алексовски. Резултати, според него, се постигнати во инфраструктурата, образованието и спортот.

Во таа насока преку проекти на јавно-приватно партнерство се постигнати резултати за изградба на современ административен деловен објект, изградба на мали хидроцентрали, на цевководи за водоснабдување од Калин Камен и Станечка Река и сегменти од гасификацијата на Крива Паланка.

– Во наредниот период ќе се насочиме да ги завршиме сите оние проекти кои ги започнавме, доасфалтирање на улиците, патиштата, да го завршиме основниот проект кој што ни е како болна точка во Крива Паланка решавањето на водоснабдувањето и другите останати проекти кои ќе ги имаат граѓаните можност да ги видат во самата изборна програма, рече Алексовски.

Посебен акцент Алексовски даде на Музејот на град Крива Паланка, кој покрај историската и етнолошката поставка прави напори да се отвори и археолошката поставка на артефакти од кривопаланечкиот крај. Обновен е и културниот живот во градот, а Крива Паланка, како што додаде тој, е Град на културата за 2013 година.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”