СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не мислеше на работниците од Југохром и ги остави без работа

Од:

„Ако ВМРО-ДПМНЕ мислеше на работниците од Југохром немаше да ги остави без работа.

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ и менторот на Мицкоски, Никола Груевски со години ги лажеше вработените на Југохром и ги остави без работа.

Цели 11 години не презеде ништо за решавање на проблемот.

Владата предовдена од СДСМ го реши проблемот, создадени се услови за работниците да се враќаат на работа .

Со заложбите и ангажмот за рестартирање на Југохром, новата влада предводена од СДСМ уште еднаш покажа како се работи во интерес на граѓаните, во интерес на работниците и во интерес на животната средина.

Рестартирањето на Југохром ќе значи обезбедување на сигурни плати за стотици работници, обезбедување на стабилен доход за стотици семејства во Полошкиот регион, со заштитена животна средина.

Решавањето на проблемот, враќањето на работа на стотици работници, со мерки за чување на животна средина, воопшто не е, и не може да биде „катастрофа“, како што вели криминалната ВМРО-ДПМНЕ којашто е изворот на проблемот.

Што има ВРМО-ДПМНЕ против враќањето на стотици работници повторно на работа?

Ваквиот однос уште еднаш покажува дека ВМРО-ДПМНЕ не се менува, тоа е истата криминална матрица на Никола Груевски која ги потценува работниците и граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450