ВИДЕО: Онлајн донации за сите кои сакаат да им подарат насмевка на децата без родители

Од:

Секојдневно се посакуваат многу нешта. Желбите на овој свет се безбројни. Некој посакува да отпатува до далечна дестинација, некој посакува да инвестира во својот кариерен напредок, некој посакува да го помине животот со саканата личност, некој посакува топла прегратка и среќно детство. Позади најзначајните и највредните нешта кои се посакуваат во животот и позади исполнувањето на секоја желба на светот се наоѓа едно заедничко нешто – љубовта. Со цел исполнување на скромните детски желби, отсега за сите оние кои посакуваат да подарат насмевка на децата без родителска грижа и децата во социјален ризик, ќе можат да го направат истото на поедноставен начин преку онлајн донации:

https://sos.org.mk/zvezdeno%20nebo/

Водени од желбата да се поттикне свеста за донирање кај граѓаните и да се истражи колку е моќна желбата да се помогне на оние на кои најмногу им е потребно, СОС Детско село реализираше социјален експеримент во Cineplexx во Скопје. Неколку анонимни лица подготвија специјални видео-пораки за своите најмили. Тие беа емитувани на големото платно и нивните најблиски беа целосно изненадени од најмоќната порака на светот – „Те сакам“. Но најсилната реакција ја предизвика контрасната порака на детето без родители кое со своите желби за семејство и љубов ја потсети публиката во кино салата за важноста на помошта и донирањето за децата без родителска грижа и децата во социјален ризик во Македонија како и дека секое дете заслужува љубов и соодветни услови да сонува и да успее во животот.

Би можело да ве интересира

Пожар во дворот во СОС Детско село

Горан Наумовски

Традицијата на IT 4 Charity продолжува – edition 2021!

Ана Ололовска

Отворање на реконструираното игралиште во СОС Детско село

Ана Ололовска

Охрид реагира: Законот дозволува да се легализираат објекти на државно земјиште

Предраг Петровиќ

Николовски во СОС Детско село: Секое дете заслужува среќно и исполнето детство

Ана Ололовска

Новогодишна кампања на СОС Детско село „Место со срце“

Ана Ололовска