Во еден од разговорите кои денеска се репродуцираат на судењето за изборни нерегуларности во предметот „Титаник“ поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на екс министерот Миле Јанакиески му укажува дека ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во 2013 година во општина Центар изгубила поради корупцијата која владеела во општината.
– Знаеш што мислам што не зезна во Центар, становите, корупцијата. Центар е интелигентна општина не е Јагуновце му вели Јанкулоска на Јанакиески.
– Дефинитивно не можеше, го изгубивме Дебар маало и Капиштец, исто како минатиот пат вели, Јанакиески по што министерката Јанкулоска му сугерира да направат обид и да се договорат со ДУИ гласањето да се поништи доколку постои таква можност и да има ново гласање.
Виктор Јованов