Соговорничка до Јанакиески: „Паркови и зеленило“ слабо излезност, таму маваме повеќе

Од:

Од незаконски прислушуваните разговори, кои денеска се пуштаат во судот на рочиштето за предметот „Титаник“ направени на 7 април, денот од вториот круг на локалните избори во 2013 година, може да се слушне како поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески врши контрола на излезноста на лицата вработени во државните институции и приватните фирми кои соработувале со тогашната власт.

– СГС, Музеј на Град Скопје, основни, средни училишта од сегде има списоци. „Паркови и зеленило“ е најслабо, таму маваме повеќе, му реферира соговорничка на поранешниот министер Јанакиески.

Јанакиески во еден од разговорите вели дека од фирмата на Орце Камчев, „Орка Холдинг“ не се излезени да гласаат и дека од базата точно знае кој излегол на гласање, а кој не.

Во голем дел од разговорите Јанакиески со име и со презиме ги спомнува лицата кои немаат излезено на гласање со цел истите да бидат, како што вели „притиснати“, да гласаат. Ова особено се однесува на регионот во општина Центар.

– Многу од Дебар маало немаат излезено, види за семејство Андонови и другите таму, му вели Јанакиески на еден од соговорниците.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Елек за спасување од „Титаник“ продаден за 906.000 долари

А1он

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“