ВМРО-ДПМНЕ: Власта се уште не поднесува одговорност за бегството на Груевски

Од:

„Втора недела по бегството на Груевски, а власта се уште молчи и не поднесува одговорност.

Јавноста дознава информации од други држави, а нашата влада се уште анализира.

Наместо СДСМ да ја префрла топката на ВМРО-ДПМНЕ нека ги засука ракавите да го расветли случајот и нека поднесе одговорност.

Република Македонија е единствена држава на европско тло со која владее хунта, која заробеното судство го користи како оружје против своите политички неистомисленици.

Притворот за Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски е уште еден еклатантен пример за политички прогон, терор како и одмазда со единствена цел прикривање на неспособноста на криминалната и одродена власт на чело со аболицираниот Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку пати го изнесе својот став дека не се согласува со самото заминување на Никола Груевски, тоа не е опција дури и дури кога сите знаат дека се работи за политички прогон.

Но сепак одговорноста за бегството на Никола Груевски лежи единствено во власта со која предводи Заев и Спасовски“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски