Министерот Дураки се правда дека не се изразил јасно кога рекол дека не се занимава со граѓаните

Од:

Министерот за животна средина, Садула Дураки, се оправда и вели дека жали што не бил доволно јасен во неговиот одговор дека тој не се занимава со граѓаните.

„Владата постои за да ги остварува своите стратешки приоритети, да ги решава проблемите и да го подобрува живеењето на граѓаните. Во таа насока, Владата ја дефинираше борбата со аерозагадувањето за свој стратешки приоритет. Министерот Дураки во својата изјава за медиумите ја потенцираше Програмата за справување со аерозагадувањето и укажа дека граѓаните имаат право да преземаат свои дејствија. Министерот изразува жалење за тоа што не се изразил доволно јасно и што тоа предизвика реакции во јавноста“, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

Министерот на прашање за коментар за најавите за тужби против државата поради непреземање мерки против загадувањето на воздухот рече: „Сега јас не се бавам со граѓаните, граѓаните може да се тужат“.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари