Заев-Мета: Меѓусебната почит и јакнењето на врските е позитивен фактор и од интерес на нашите граѓани

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од членови на неговиот Кабинет и од претставници на Министерството за надворешни работи, денеска се сретна со Претседателот на Република Албанија, Илир Мета.

Претседателот Мета, заедно со неговата делегација, кои денеска се во нашата земја по повод празнувањето на Денот на албанската азбука, изрази благодарност за можноста да се сретне со Претседателот на Владата на РМ Заев, како и за поддршката на највисоко државно ниво што Република Македонија ја посветува на празникот Ден на Албанската азбука, како настан од исклучително значење во историјата на Албанците.

Премиерот Заев на средбата упати честитки по повод празникот и истакна дека одбележувањето на овој значаен ден од историјата на албанската заедница е во целосна согласност со принципите за градење едно општество во мултикултурна Република Македонија.

„Нашата определба да ги јакнеме врските, меѓусебната почит и поддршката на сите етнички заедници во нашата земја, се пренесува како позитивен фактор во заедничка потрага на одговори на сите прашања што се отвораат пред нас. Тоа е заеднички интерес кој не обединува во остварувањето на стратешките цели, како што се нашите аспирации за членство во НАТО и ЕУ, како и нашата силна определба да ги завршиме реформите дома за да им дадеме општество подеднакво достапно на сите граѓани“, нагласи премиерот Заев на средбата со албанскиот претседател Мета.

Двајцата соговорници разговараа и за повеќе други теми од интерес за двете земји, при што истакнаа подготвеност и силна посветеност да поддржат повеќе проекти за зајакнување на економските и културните врски, како и поддршка за инфраструктурните проекти од кои се очекува дополнителен импулс и за регионално зајакнување на поврзувањето на земјите од регионот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски