А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

По три години, успешно трансплантирани бубрези од починат донор

by А1он22/11/2018 - 10:53162
Share0

После три години пауза, на Клиниката за нефрологија во соработка со Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), во Македонија за првпат успешно е извршена трансплатација на бубрези од пациент кој доживеал мозочна смрт, соопшти Министерството за здравство.

Добивај вести на вибер

Од пациентот кој починал, со дозвола на најблиските членови од семејствто, земени се бубрезите и веднаш се трансплантирани на двајца пациенти кои чекале на нив. Двете трансплатации поминале успешно и засега пациентите кои добиле бубрег добро се чувствуваат.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера, веднаш по трансплатацијата ги посети пациентите.

– Неверојатно сум горд на медицинскиот персонал од Нефрологија и КАРИЛ кои направија неверојатно добра работа. Спасија два живота, на една жена и маж кои долго време се измачувале низ процесите за лекување и дијализа. За пациентката ова е втора трансплатација на бубрег, и посакувам добро здравје и оваа трансплантација да помине како по книга, успешно. Но, неверојатно сум горд и со полна почит кон родителите на дарителот на органите, кои дозволија, по мозочната смрт да ги донираат бубрезите од починатиот. Точно, за ваков чекор потребно е човек да биде подготвен и неверојатно големата загуба да ја потиснат размислувајќи дека со донирање на органи, ќе продолжат и спасат нечии туѓ живот. За мене лично, тоа се најголемите херои на денешницата, вели министерот Филипче.

Директорката на КАРИЛ, Маја Мојсова изјави дека навистина долго се чекало на ваква трансплатација, цели три години.

– Трансплатација од починат донор, беше во застој од 2015 година, за жал. Се надевам дека со почетокот овие трансплатации ќе не донесат до влезната врата од Еуротрансплант системот. Искрено се надевам дека ќе ги препознаат нашите напори за трансплатација и многу скоро ќе можат и наши пациенти да се надеваат на органи кои би можеле да ги добиеме од некои други европски болници, вели доктор Мојсова.

mzzdravstvo

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он06/12/2025 - 13:14

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он05/12/2025 - 16:43

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Горан Наумовски01/12/2025 - 16:27

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски21/11/2025 - 11:5221/11/2025 - 13:43

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

Предраг Петровиќ17/11/2025 - 14:02

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски15/11/2025 - 12:2015/11/2025 - 12:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен