(ВИДЕО) Стоилковски: Апелациониот суд да ги земе предвид аргументите на одбраната на Јанакиески и Божиновски

Од:

„Почитувани судии од Апелациониот суд, Издигнете се над состојбата во која сте на сила втурнати, земете ги предвид аргументите на одбраната при носењето на одлуката и исправете се над театарската претстава наречена притвор за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски за покривање на неспособноста на оваа власт.

Судството и правдата повеќе не смеат да бидат покритие за хунтата, за нивните злодела, криминал , политички терор. Судиите повеќе не смеат да бидат дел од театарот за замајување на јавноста и прикривање и неспособноста на хунтата да се справат со реалните проблеми на граѓаните“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Република Македонија до сега немала понеправедно општество, со кое владее хунта на неспособни но и незаменливи. Апелациониот суд ја има можноста за покажување трошка пркос и волја за демократија со тоа што нема повеќе да дозволи притворот да биде замена не само за казна – туку и за затскривање на властодршците.

Незаменливоста на Оливер Спасовски го претвори ова општество во притвор – во кој нема решени случаи за убиства, нема решени случаи за пукотници среде центарот на Скопје, нема постапки за криминал по допрен глас, нема контрола врз злоупотребите на системот за безбедност кој наместо со реалните предизвици се занимава со кабинетот на претседателот на државата, со фингирање на податоци во службени белешки класифицирани како Строго доверливо, а кои што се цитираат во јавноста и се користат во судствот.

Македонското општество заради неспособноста на оваа власт се претвори во реално шоу Притвор, во кое секој може да биде притворен само за дефокус од реалните проблеми.

Сето тоа го турка македонскиот правосуден систем не на дното, туку во мислена именка.

Оттука, правичната одлука на апелационите судии со преиначување, а во врска со мерката притвор за Јанакиески и Божиновски, изречена по цели 18 месеци редовно испочитувани претходно изречени мерки, како и редовно присуство на судските рочишта, ќе значи и блесок на правичност, блесок на самостојност, блесок на верба во македонското судство, момент на раскинување на пупката во која Заев го затвори судството. Тоа ќе значи и трошка надеж и верба во неселективноста на првото и правдината за притворените за случувањата од 27 април, чија што судбина е на тезгата на политичките пазари на сметка на самостојноста на правосудството и судската доблест“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски