Лидерот во германската Бундеслига, Борусија Дортмунд пројавува интерес кон офанзивниот фудбалер на Борусија Менхенгладбах – Торган Азар, соопшти „Билд“.
Според изданието, „жолто-црните“ го разгледуваат привлекувањето на белгискиот репрезентативец дури и за време на зимскиот прозорец.
Германскиот гигант ќе мора да плати за братот на ѕвездата на Челзи, Еден Азар, околу 25 милиони евра.
Дваесет и пет годишниот Азар премина во Борусија Менхенгладбах од Челзи летото 2015 година за осум милиони евра.
Торган Азар забележа 11 натпревари во Бундеслигата оваа сезона, во која постигна седум голови и даде четири асистенции. Тој има договор со Менхенгладбах до летото 2020 година.