Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, кои се главните сили во коалицијата против Хутите во јеменскиот конфликт, денеска соопштија дека ќе издвојат 500 милиони долари за помош на гладните Јемен.
Секоја од земјите ќе обезбеди помош од 250 милиони долари за повеќе од 10-те милиони жители на Јемен кои имаат потреба од храна, изјави пред новинарите во Ријад генералниот директор на Центарот за хуманитарна помош „Крал Салман“ Абдула Рабија. Тој прецизираше дека средствата ќе бидат испратени на служните на Обединетите нации, како и на локални и странски невладини организации во Јемен.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт оваа година веќе доделија 1,25 милијарди долари, согласно планот на ОН за хуманитарна помош за Јемен.
Војната во Јемен, која и пред конфликтот беше една од најсиромашните земји во светот, ја стави земјата на работ на глад и, според ОН, предизвика една од најтешките хуманитарни кризи во историјата.