Горан Ѓошевски, првиот човек на обезбедувањето на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски и обвинет за „крвавиот четврток“ вели дека целото прашање околу амнестијата на обвинетите за 27 април го остава на комисијата која е задолжена за тоа и тврди дека нема намера да се меша во политички одлуки.
-Јас својата невиност сакам да си ја докажам пред судот, не можам, а не ни сакам да се мешам во политички одлуки. Јас сум полицаец кој сум постапувал по своите задачи, одлуките за амнестијата ја препуштам на комисијата која преговара, рече Ѓошевски.
Виктор Јованов