СДСМ: 11 години ВМРО-ДПМНЕ го игнорираше загадувањето

Од:

„11 години лицемерните ВМРО ДПМНЕ не покажаа загриженост за загадувањето и за здравјето на граѓаните. Напротив, со системското уништување на зеленилото и загрозувањето на животната средина заради остварување криминални интереси, ВМРО-ДПМНЕ дополнително влијаеше за зголемено загадување на воздухот.

За разлика од лицемерниот и игнорантски однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ, заедно со надлежните институции започна системско решавање на долгогодишниот проблем со загадувањето.

Со Планот за чист воздух, 10 илјади домаќинства ќе бидат приклучени на парно греење, 20 илјади домаќинства ќе ги променат старите нееколошки печки на дрва, 15 илјади семејства имаат шанса да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, 3.000 семејства ќе добијат приклучок за гас.

Се засилува и инспекцискиот надзор и контрола, како и детекција на дивите депонии и нивно решавање, а Град Скопје започна и набавка на 40 еколошки градски автобуси кои треба да ги заменат старите и нееколошки автобуси.

Истовремено, ќе се субвенционира и набавката на еколошки електрични автомобили, како и субвенции за трошоците за вградување на уред за погон на ТНГ.

Со сите мерки кои се спроведуваат сега и тие во наредниот период се очекува во наредниот период, загадувањето двојно да се намали.

Решавањето на проблемот со аерозагадувањето е и останува врвен стратешки приоритет за Владата предводена од СДСМ“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он