Национална конференција за унапредување на механизмите за обезбедување пристап до правда

Од:

Дводневна национална конференција на тема „Про боно правната помош и алтернативните начини за решавање на спорови како средства за олеснување на пристапот до правда за сиромашните и обесправени граѓани“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во рамки на проектот „Унапредување на услугите на про боно правна помош во Република Македонија”.

На конференцијата најавено е обраќање на претседателот на Македонското здружение на млади правници, Зоран Дранговски, министерката за правда Рената Десковска, заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и претседателот на Адвокатската комора на РМ, Љубомир Михајловски.

На конференцијата ќе се промовираат и Извештајот за можностите и перспективите на про боно правната помош во Република Македонија и Анализата за применливоста на механизмите за алтернативно решавање на спорови во обезбедување на пристап до правда за ранливи категории во Република Македонија

Покрај презентацијата на документите, како што информираат организаторите, на конференцијата ќе вклучи и панел дискусија со адвокати, медијатори и претставници на релевантни институции.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски