АД Елем: Охридското Езеро е 17 сантиметри над долната граница, понудивме пумпи за Студенчишкото блато

Од:

„Во врска со проблемот со загрозувањето на плашицата во Студенчишки канал, АД Елем информира дека како имател на водостопанска дозвола, го одржува нивото на езерото во дозволените рамки, односно нивото во моментов е 17см над долната граница според дозволата, односно 10см според мерната скала на Хидрометеоролошки завод.

Испустот на вода преку регулациониот отвор од Охридското езеро во реката Црн Дрим е на минимално ниво, кое што е потребно да се обезбеди вода за живиот свет во реката, а која во моментов е на ниво пониско од просечното во овој период од годината.

За да помогне во случајот со рибниот фонд во Студенчишко блато и недоволното количество на вода и кислород во водата во каналот, АД ЕЛЕМ му понуди на Хидробиолошкиот завод во Охрид да обезбеди потопни пумпи кои ЕЛЕМ ќе ги позајми на заводот, со цел да се обезбеди поголемо вртење на водата и обезбедување кислорот на загрозената локација, бидејќи во моментот заводот не располагал со доволно пумпи за таа намена“ се вели во соопштението на Елем.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on