Синдикатот на Клинички центар бара ист коефициент за зголемување на платитекако за специјалистите

Од:

Синдикатот на Клинички центар денеска преку соопштение го оцени како неприфатливо предложеното зголемување на коефициентот на сложеност за јануарската плата со Буџетот за 2019 година, кое за докторите специјалисти изнесува 10 отсто, а пет отсто за здравствените работници и соработници, со што, наведуваат, се создава поделба во синдикатот.

-Го фрливте јаболкото на раздор. Со предложеното покачување на јануарската плата за здравствените работници и соработници влеговте во тимот, и дали од незнаење или со намера пробавте да го раслоите тимот, да го поделите. Она што сме сигурни е дека нема да успеете во Вашата проба или намера. Но, го внесовте сомнежот. Дали докторот специјалист ќе се одвои од тимот, поставуваат прашање по социјалните мрежи дел од здравствените работници и соработници. Се вперуваат намуртени погледи од оние со 5 отсто кон оние со 10 отсто предложено покачување на коефициентот на сложеност за јануарската плата, наведуваат од Синдикатот оградувајќи се од каква било политичка конотација.

Синдикатот на клинички центар, воедно додава дека изразиле јавна поддршка на програмата 2017-2020 година за двојно зголемување на платите на здравствените работници, и докторите специјалисти во терциерното здравство до минимум 100.000.00 денари до крајот на мандатот и дека делумно се задоволни од зголемувањето на коефициентот на ноќниот труд, за кое сметаат дека има простор и треба и понатаму да преговараме, но, посочуваат не се задоволни од динамиката на исполнување на програмата во делот на зголемувањето на платите на здравствените работници и соработници.

-Реални и трпеливи веруваме во Вашите аргументи дека средствата во Буџетот се ограничени. Но, оваа понуда за нас е едноставно неприфатлива. Овие предложени различни зголемувања на коефициентот на сложеност од 10 отсто за докторите специјалисти и 5 отсто за останатите здравствени работници и соработници со јануарската плата длабоко задираат во меѓучовечките односи и ја нарушуваат тимската работа. Убедени сме дека треба да направите дополнителни напори и да изнајдете средства за зголемување на коефициентот на сложеност од 10 отсто и на останатите здравствени работници, како и на соработниците со јануарската плата, стои меѓу другото во соопштението од Синдикатот на Клинички центар.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство