Eдна недела по реализацијата на хит проектот JazzToVoice, маестро Татарчевски и Женскиот младински хор при МКЦ продолжија со успесите на меѓународна сцена.
Овој пат во Варшава на силниот меѓународен акапела натпревар „Varsovia Cantat“ на кој настапија голем број квалитетни хорови од Европа и Азија.
Женскиот младински хор го освои првото место во категоријата на еднородни хорови, а освен во натпреварувачкиот дел, хорот одржа и два концерти во катедрали во Варшава и Згиерж и настапи на гала концертот на сцената на големата концертна сала на музичкиот универзитет „Фредерик Шопен“.
Оваа награда е последна во низата од 6 први награди, 6 специјални награди и „Grand Prix” титула освоени од маестро Татарчевски и Женскиот младински хор при МКЦ во последните три години на натпревари во Романија, Полска и Словачка.