Јовановска: Има средства за обуките за невработени за Б, Ц и Д категорија за возачи, се чека одлуката од судот

Од:

Има обезбедено финансиски средства за обуките за невработени лица за Б, Ц и Д категорија за возачи, но ја чекаме одлуката на судот, изјави денеска директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Велес.

– Во делот за обука за Б, Ц и Д категорија за возачи, ние се изгубивме во лавиринтот на судските процеси. Имено, по направениот избор на економски оператор, којшто требаше да ги спроведува тие обуки, беше поднесена жалба до Второстепената комисија за јавни набавки. По одлуката на Второстепената комисија, економските оператори го искористија правото на тужба пред Управниот суд и жалба до Второстепениот управен суд. Во моментов, предметот е во Второстепениот управен суд и ја чекаме одлуката, потенцира Јовановска.

Додаде дека по добивањето на одлуката, ќе знаат што да прават понатаму – дали да распишат тендер за избор на нов оператор или ќе продолжи постапката со сегашниот економски оператор.

– Во секој случај сакам да нагласам дека финансиски средства се обезбедени за оваа година и истите ќе преминат со реализација во наредната година, појасни Јовановска.

Таа информираше дека во 2019 година на барање на невработените лица, освен досегашните основни обуки за ИТ вештини, за првпат ќе споведе и напредни обуки за ИТ вештини и напредни степени за странски јазици, како и други обуки за кои има интерес.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за раководителка во АВРМ, потрошила службени 10.000 евра за лични потреби

Катерина Ѓуровски

ДЗР со неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансискиот извештај на Агенцијата за вработување

Шахпаска: Ги повикувам граѓаните да ги искористат активните мерки од Оперативниот план за да ја зголемиме активноста на пазарот на трудот

А1он

За еден месец регистрирани нови над 900 невработени лица, во Агенцијата евидентирани 159608

Ана Ололовска

„Шанса за сите“, промовиран Оперативниот план за активни мерки за вработување

Ана Ололовска

Од денеска продолжува редовното пријавување на невработените лица во Агенцијата за вработување

Ана Ололовска