Албанија продолжува да увезува електрична енергија

Од:

Поради неповолната хидрологија, што условува и помалото производство, Албанија продолжува со увоз на електрична енергија.

За задоволување на потребите во втората половина на овој месец, Албанија со шест компании договори увоз на електрична енергија, по просечна цена од 92,25 евра по мегаватчас или во вкупна вредност од седум милиони евра.

„Албанската електрокорпорација“ (КЕШ) информира дека во акумулациите на трите хидроелектрани на каскадата на реката Дрим резервите на вода се на минимум.

Со цел да се обезбеди нормално снабдување на потрошувачите за два месеца договорен е увоз на електрична енергија во вредност од 17 милиони евра.

Албанија е директно зависна од проиводството на електрична енергија од хидроцентрали, па во услови кога нема дождови Владата е принудена да издвојува дополнителни средства за увоз на овој енергенс.

Инаку, поради поволната хидролошка состојба, посебно во првата половина од годинава, трите хидроелектрани на каскадата на реката Дрим – „Фиерза“, „Коман“ и „Вау те Дејес“ работеа под полн капацитет, остварувајќи дневно прозводство од 28,8 милиони киловат часови електрична енергија. Како резултат на тоа тогаш од Албанија беше извезена струја во вредност од 42 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија