Македонија – Блокира: Канчевска Милевска не се покажа како добра домаќинка, очигледно тргнала по либералните ЕУ и НАТО вредности

Од:

„Кризниот штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување на избори „Македонија-Блокира“, синоќа во рамките на народниот собир во Скопје пред домот на пратеничката Елизабета Канчевска Милевска требаше лично да и предаде и писмо на Канчевска-Милевска зошто не треба да гласа за уставните промени.

На општо изненадување, пред домот на Канчевска – Милевска не пречека кордон од полиција а пратеничката не се појави да го поздрави насобраниот народ што не е во духот на македонската традиција за добро домаќинско однесување со што покажува дека веќе тргнала по патот на либералните ЕУ и НАТО вредности. Дотолку повеќе, при средбите на „Македонија-Блокира„ со останатите пратеници добивавме и покани за разговори со домашна ракија, кафе и благо во нивните домови. Од тие прични „Македонија-Блокира„ синоќа не го предаде лично писмото на Канчевска Милевска зошто не треба да гласа во Собранието, заради што, писмото беше прочитано на народниот собир.

„Македонија-Блокира„ и македонскиот народ изразува големо разочарување од однесувањето на Канчевска – Милевска која покажува дека е личност со изгубено национално чувство“, се вели во соопштението на „Македонија-Блокира“.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска