Белгиецот Аксел Витсел е задоволен што се пресели во Борусија Дортмунд.
– Трансферот во Борусија беше најдобро решение во мојата кариера. Никогаш претходно не сум играл во тим со толку силни играчи. Исто така, тука е идеално место за мене. Моето семејство и јас живееме близу до нашата татковина. Што се однесува до победата над Баерн Минхен (3:2), нема да зборуваме за титулата, мораме да се фокусираме на следните натпревари, изјави халфот за германски „Билд“.
Претходен клуб на 29-годишниот Белгиец беше кинескиот Тјанжин, а во својата кариера тој настапуавал и за Зенит, Бенфика и Стандард Лиеж.
Оваа сезона Ветсел одигра 17 натпревари за Борусија и постигна три гола.