Aсоцијацијата на тениски професионалци (АТП) и „Тенис Австралија“ официјално го објавија создавањето на нов екипен турнир, кој од 2020 година ќе го означува почетокот на машката тениска сезона.
Турнирот се нарекува „АТП Куп“ и ќе вклучува 24 земји кои ќе се борат за трофејот во период од 10 дена. Домаќини на турнирот, во кој учесниците ќе бидат поделени во шест групи од по четири репрезентации, ќе бидат три австралиски градови. Вкупно 8 репрезентации ќе продолжат во следната рунда, а секој дуел ќе вклучува два меча – еден во сингл и еден во двојки.
На „АТП Куп“, исто така, ќе се добиваат бодови за светската ранглиста, при што шампионите ќе освојуваат 750 поени. Наградниот фонд на турнирот е 15 милиони долари.
АТП имаше слично натпреварување, кое се нарекуваше „АТП Светско екипно првенство“, помеѓу 1987 и 2002, и се одржуваше во Дизелдорф.
Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ учествуваше на презентацијата на „АТП Купот“ и ја изрази својата поддршка за новиот турнир. Поддршка на новиот турнир дадоа и други големи тениски ѕвезди, вклучувајќи го и Роџер Федерер.