Баерн Минхен веќе има првичен договор со Арон Ремзи и тој ќе се приклучи на клубот како слободен играч во текот на летото, објавија „Спокс“ и „Гол Германија“.
Играчот од средниот ред ја игра неговата последна сезона во Арсенал откако клубот одби да му понуди нов договор.
Досега тие одбија да коментираат за ова прашање, бидејќи тие немаат право да преговараат со Ремзи пред 1 јануари.
Сериозен интерес за репрезентативецот на Велс има уште од клубови како Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Јувентус и Милан.
Првично, „топџиите“ му предложија нов договор за Ремзи, но потоа ја повлекоа својата понуда.
Пред неколку дена, претседателот на Баерн, Ули Хенес, најави големи промени во составот по крајот на сезоната.