Судењето за масакрот кај Смиљковско езеро продолжува

Од:

Продолжува судењето за убиството кај Смиљковско езеро, со доказната постапка против шестемина обвинети за тероризам и помагање тероризам.

Искази за грозоморното убиство досега  дадоа родителите на убиените  и четворицата сведоци кои ноќта на 12. април, биле на Смиљковското Езеро.

Пред судот тие рекоа  дека слушнале рафални истрели, виделе наоружен човек и минале покрај мртвите тела на петемина убиени.

Но сепак  сведоците не идентификуваа ниту еден од обвинетите во судницата.

Тие не го препознаа  ниту возилото „Опел Омега“.

Двајца од осомничените за убиството, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство, па им се суди во отсуство.

 

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски