Еврокомисијата им предложи на членките на ЕУ да го одобрат договорот за Брегзит

Од:

Европската комисија вечерва му предложи на Европскиот совет да го одобри договорот постигнат во преговорите за истапување на Велика Британија од ЕУ.

– Велика Британија и Европската Унија направија решавачки напредок во разговорите за Брегзит, наведе претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во писмото со кое им препорачува на земјите членки на ЕУ да го одобрат договорот за Брегзит.

Како што јави ДПА, писмото на Јункер беше објавено накусо откако британската премиерка Тереза Мај во Лондон објави дека нејзината Влада го поддржала предлог-договорот за Брегзит.

Во меѓу време, главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние во Брисел накусо ја претстави содржината на постигнатиот договорот.

Со него се предвидува Велика Британија во Буџетот на ЕУ да ги уплати обврските за кои се изјаснила во рамки на институциите на Унијата и е утврден преден рок по Брегзит во траење од 21 месец, односно до 31 декември 2020 година.

Избегнато е воведувањето на царински и гранични контроли на границата меѓу Ирска и Велика Британија, со тоа што британската покраина Северна Ирска ќе остане дел од европската царинска унија.

Договорот предвидува дражавјаните на земјите членки на ЕУ што живеат во Велика Британија, како и Британците населени во државите на Унијата, да ги имаат сегашните права се додека се живи, вклучително и правата на социјална надоместоци и на покана на членовите на нивните семејства да се преселат да живеат со нив.

Почитувањето на обврските од договорот ќе биде под контрола на Судот на ЕУ.

Предвидено е како анекс на договорот да се додаде изјава за идните односи, во која ќе се нагласи дека Велика Британија и ЕУ неможат меѓусебно да си воведуваат царини и квоти за увоз и дека ќе продолжи тесната соработка на безбедносните служби на двете страни.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија