Одбиени жалбите за „Империја“ – Камчев ќе одлежи 30 дена во пртивор

Од:

Кривичниот совет од скопска единица составен од судиите Огнен Ставрев, Горан Бошевски и Васка Николовска – Масевска ги одби жалбите на осомничените во случајот „Империја“ на СЈО и ги потврди решенијата на судијата на прехтодна постапка за определениот притвор. Од 13 осомничени во притвор се пет лица – бизнисменот Орце Камчев, неговиот соработник Ненад Јосифовиќ, директорот на „Ексико“ Тодор Мирчевски, директорот на ЗК Пелагонија Цветан Панделески и Зорица Арсовска, сметководителка во фирмите на Камчев.

„Постапувајќи по жалби на одбраната изјавени против решенија на судија на претходна постапка за прифаќање на предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерка притвор во случајот од обвинителството означен како „Империја“, советот одржа јавна седница со присуство на одбраната по која ценејќи ги фактите и доказите во предлогот и во изјавените жалби донесе решенија со кои ги одби жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка“, информираат од кривичниот суд.

Во „Империја“ осомничени се Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Се распродава имотот на Мијалков – јавно наддавање за станови во Охрид, плац на Кожуф, земјиште

А1он

Запленетите акции на Мијалков на аукција на берза

Обвинителството презентираше докази за „Империја“, судењето продолжува на 9 мај

Ана Ололовска

Во Кривичен продолжи судењето за „Империја“

Ана Ололовска

Зоранчо Митровски кој призна вина за „Империја” доби двегодишна условна казна