Миле Јанакиески и Кирил Божиновски во притвор

Од:

Поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Влада, Кирил Божиновски од рано изутрина се во притвор.

Адвокатот Еленко Миланов за „А1он“ ја потврди информацијата дека обвинетите за случајот на СЈО, „Титаник“ се во затворот „Скопје“.

Според него, ова е политичка одлука, бидејќи како што вели, уште вчера министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјавил дека треба да бидат ставени во притвор обвинетите од случаите на СЈО.

Јанакиески е обвинет во пет случаи на Специјалното јавно обвинителство за кои судењата се во тек.

Кирил Божиновски, како поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е обвинет во случајот со изборни нерегуларности „Титаник“.

Судско рочиште за „Титаник“ е закажано за денеска во 9.30 часот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов