Македонското министерство за надворешни работи, работи за верификација на информацијата на експремиерот Никола Груевски е во Будимпешта.
„Во врска со наводната информација објавена на фејсбук профилот на г-динот Никола Груевски дека тој е во Будимпешта и дека побарал азил во Унгарија, Министерството за надворешни работи, во координација со надлежните институции во Република Македонија, постапува согласно своите законски надлежности во насока на верификација на информацијата. Веднаш по добивањето на релевантни информации во врска со наведеното, јавноста ќе биде соодветно и навремено информирана“ велат од МНР.
Никола Груевски на неговиот Фејсбук профил напиша дека се наоѓа во Будимпешта и дека ќе бара азил од унгарските власти, откако претходно полицијата не можеше да го пронајде во Скопје, за да ја отслужува двегодишната затворска казна.