Проблеми за Дешам пред натпреварите на Франција

Од:

Репрезентацијата на Франција треба да одигра два натпревара. Во петок, „петлите“ гостуваат на Холандија во Лигата на нациите, а потоа го пречекуваат Уругвај во контролна следниот вторник.

Дидие Дешам ја објави групата од 23 играчи за претстојните натпревари, но таа брзо беше променета, откако четворица од повиканите се здобија со повреди. Пол Погба и Антони Марсијал отпаднаа уште во почетокот од плановите на Дешам, а на нивно место беа повикани Александар Лаказет и Муса Сисоко.

На крајот се покажа дека и ѕвездата на Арсенал исто така има повреда и беше вратен да се лекува во Лондон.

Тоа, сепак, не беше крај на маките за светските шампиони, откако беше потврдено дека и дефанзивецот на Манчестер Сити, Бенжамен Менди има проблеми со коленото и исто така нема да игра во двата натпревара следната недела.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска