Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, најавил целосна реконструкција во летниот преоден рок во 2019 година. Баерн од почетокот на сезоната игра во многу променлива форма и можно е на крајот да остане без шампионската титула. Без оглед на тоа, Хенес рекол дека тимот нема да се засилува во претстојниот зимски преоден рок.
„Сигурно е дека нема да бидеме активни на пазарот во јануари. Доволно е што пред Божик ќе се врати Кингсли Коман, а набргу подготвен ќе биде и Тијаго Алкантара“, рекол Хенес и ветил засилувања во летниот преоден рок.
„Наредното лето ќе бидеме многу активни на пазарот. Очекувајте големи промени, целосно ќе го смениме ликот на екипата“.
Прашање е само дали Нико Ковач ќе добие шанса да го води новиот Баерн или Баварците ќе ангажираат и нов тренер.