Шпанскиот премиер повикува на нов референдум за Брегзит

Од:

Шпанскиот премиер, Педро Санчез во интервју за „Политико“ порача дека „на местото на Тереза Меј без сомнеж би повикал на втор референдум“.

– Вистина е дека сме на раб на потпишување транзициски договор но би сакал британската Влада да закаже нов референдум. Не мислам сега, но во иднина за да се вратат во ЕУ, на друг начин но назад во ЕУ, изјави Санчез за „Политико“.

Ова е првпат премиер на влијателна земја членка на ЕУ да повика на втор референдум. Досега само премиерите на Малта и Чешка се изјасниле јавно за оваа можност. Другите шефови на влади, пишува „Политико“, се воздржуваат од вакви коментари од страв да не бидат обвинети за мешање во внатрешните работи на Лондон, јави дописничката на МИА од Брисел.

Шпанскиот премиер сепак смета дека треба да се биде внимателен со референдуми за напуштање и дека излегувањето од ЕУ со 51 отсто гласови не е демократски.

– Ваквиот вид референдуми само ги поделуваат и поларизираат општествата, истакна Педро Санчез.

Тој жали за напуштањето на Обединетото Кралство, кое има „позитивно влијание“ врз ЕУ и смета дека напуштањето е „голема загуба“ за Европа.

Шпанскиот премиер во интервјуто вели дека двете страни се близу до договор за Брегзит и дека е можно да биде постигнат во декември.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија