Вардар против Барселона во дербито на ракометната ЛШ

Од:

Екипата на Вардар денеска од 17 часот игра со шпанска Барселона во дербито на 7 коло на групата „А“. СЦ „Јане Сандански“ е распродадена, а првпат сезонава беа пуштени во продажба и билети за стоење.

Победникот од овој дуел ќе се најде сам на врвот на табелата, а со реми и двете екипи би биле на првите две места.

– Екипата е подготвена. Одлично тренираме и подготвени сме за мечот. Ќе има многу тактика на мечот зашто доаѓа тим кој игра добро во двата правци. Сите се возбудени пред натпреварот со Барселона, која е одличен тим. За квалитетот на екипата на Барселона не треба многу да се зборува. Тоа е тим кој секогаш е на ниво на задачата и претендира кон пласман на Ф4 во Келн. Барселона сезонава игра подобро од лани и сигурно ќе не очекува тежок и неизвесен натпревар.

Мораме да одиграме интензивно и да се бориме максимално и нијанси ќе го одлучат победникот, изјави тренерот Роберто Парондо на пресот пред мечот.

Вардар ја има најдобрата одбрана во моментов во Лигата на шампионите. „Црвено-црните” примија само 155 гола на шест средби. Имаат гол разлика од „плус 18“. Барселона од друга страна го има најдобриот напад и најдобрата гола разлика, од „плус 41“.

На дуелите во Скопје само еднаш победил Вардар, и тоа лани со 27-24, додека еден натпревар заврши со реми, 29-29.

Најважниот триумф за вардарци сепак е во 2017 година на Ф4 турнирот кога во полуфиналето на ЛШ остварија триумф со 26-25.

Од 2013 година, македонскиот тим одиграл седум средби со Барселона, и запишал две победи, едно реми, и четири порази.

Пред СЦ „Јане Сандански“ ќе има фан зона, со многу забава, музика и шанса за дружење. Таа ќе биде отворена од 15 часот па се до почетокот на натпреварот. Таму ќе бидат пречекани ракометарите и ќе им се даде поддршка пред влегувањето во салата каде сигурно ќе има неверојатна атмосфера.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски