Мали се шансите Груевски денеска да се појави пред затворската капија во Шутка

Од:

Денеска екс премиерот и екс лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски треба да се јави на издржување двегодишна затворска казна во Шутка.

Тој правосилно е осуден на две години затвор поради злоупотреба на службената должност додека беше премиер, а се однесуваа на постапката при купување на луксузен блиндиран Мерцедес.

Но, мали се шанисте, Груевски денеска, според упатниот акт да се појави пред затворската капија.

Во Кривичниот суд започнаа да пристигнуваат поединечните жалби на сите адвокати од тимот кој го ангажираше Груевски. Судијата за извршување санкции, го донесе упатниот акт и одби да му го одложи издржувањето на казната. Денеска се очекува и личната жалба од Груевски.

Од судот за А1он велат, дека по ова треба да заседава Кривичниот совет, кој ќе донесе конечна одлука дали ќе ги уважи наводите на Груевски и на неговите адвокати. Одлуката треба да биде донесена најдоцна во рок од три дена, значи најдоцна до 12 ноември.

Груевски спасот го бара и кај Јово Вангеловски од Врховниот суд, со барање за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, но таму се уште не можат да постапуваат бидејќи предметот се уште е во Кривичиот суд. За врховните судии да одлучат, треба да ги имаат комплетните материјали за предметот „Тенк“.

Досега се чекаше екс министерката Гордана Јанкулоска која исто така е осудена во истиот предмет, да ја поднесе жалбата. Таа жалбата ја поднесе последниот ден од рокот, а тоа беше пред два дена.

Сепак, постапката пред Врховен суд, според законот, не го одлага влегувањето во затвор на Груевски, тој може да замине во Шутка по одлуката на Кривичниот совет, па потоа да биде ослободен ако врховните судии донесат позитивна одлука за него.

И Ѓорге Иванов може да биде опција за спас на Груевски, доколку тој ги послуша барањата од вчерашните протести за „Правда за Груевски“. Тие од шефот на државата бараа да го запре политичкиот прогон и да го помилува Никола Груевски.

Екс премиерот на двегодишна затворска казна беше осуден за предметот „Тенк“, односно набавката на мерцедесот од 580.000 евра.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески