Мицкоски на средби со Зехофер, Тајани, Орбан…

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа и во текот на денешниот ден, на маргините на самитот на Европската народна партија, оствари низа средби со претсавници на ЕНП и лидери на држави од сестрински партии.

Мицкоски оствари средба со Хорст Зехофер, Вице-Кацелар на Германија, Министер за внатрешни работи и лидер на владеачката ЦСУ.

Тој зборуваше со Зехофер за политичкиот прогон врз ВМРО-ДПМНЕ и состојбата на јужната граница на Република Македонија во врска со мигрантската криза.

Претседателот Мицкоски имаше средба и разговор со Антонио Тајани, Претседател на Европски Парламент, на кого му пренесе дека приоритет за ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе биде ЕУ интеграцијата на Република Македонија.

Средба беше остварена и со премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан, со кого беше разговарано за состојбата во поширокиот регион и потребата од негова интегарација во ЕУ.

Мицкоски се сретна и со Хавиер Хуртадо Мира. Претседател на Демократска заедница на млади на Европа – DEMYC. Најголема организација на центар-десничарски политички подмладоци.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ