ВИДЕО: Демонстрантите доставија писмо до Иванов со барање за помилување на Груевски

Од:

Како што кажав пред судот, на протестот, дојдов во кабинетот на Иванов каде што во име на ицијативата правда за Никола ќе доставам писмо за политичкиот прогон. Упатуваме барање до Иванов согласно Уставот политичкиот прогон во Македонија да биде прекинат. Да се стави крај на целиот политички прогон, рече Александар Трајковски.

„СЈО е противуставно. Сите докази се незаконски стекнати материјали“, рече Трајковски одговарајќи на прашањето за кои случаи бараат од Иванов да ги запре.

„Дивеењето во Скопје, уништување на државен имот, палење на канцеларијата на Иванов, нема ниту една пресуда за тие дела. Очекувањата ги оставаме и чекаме да видиме Иванов како ќе се изјасни“, додаде Трајковски запрашан што очекуваат, како ќе постапи Иванов.

Во писмото кое што го доставија до Иванов, демонстрантите побараа да го искориси неговото право и да даде помилување за Груевските и останатите опфатени со правосилна пресуда.

На протестот за поддршка на Никола Груевски пред судот Трајковски рече дека осудувањето на Груевски е политички прогон, бидејќи главниот доказ бил се уште во Владата и уште се користел.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

Смртта на 11-годишната Лијан предизвика гнев во Франција

Шест месеци чекаат плата: Вработени од Клиниката за детски болести на протест

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“